Фотографирани се заедно 15 години пред да се запознаат
Понекогаш некој странец кој сосема случајно се нашол на нашата фотографија, еден ден станува нешто сосема друго во нашиот живот.
Таква е и приказната на Алекс и Дона, десетина години пред да се венчаат. На ист ден го посетиле Дизни светот и додека Дона и нејзините најблиски се одлучиле да се сликаат со еден од Дизни ликовите, во позадина се гледа странец со бел прамен во косата како турка мало детенце во количка. Во таа количка е Алекс, сегашниот сопруг на Дона.
Недела дена пред нивната свадба Алекс и Дона разгледувале стари семејни фотографии, кога Алекс се препознал во една од нејзините фотографии.
Во времето кога оваа фотографија е сликана, далечната 1980 година тие живееле во различни земји, a сега го делат своето секојдневие.
Познавате некој со ваква слична приказна? Споделете ја убавината на случајностите.