Најголемиот кружен пешачки мост во Шангај
Минатата година беше направена една од најневеројатните градби во светот, барем кога станува збор за безбедноста на пешаците. Најголемиот кружен пешачки мост, кој се наоѓа во Шангај, им овозможува на пешаците да се движат безбедно, надвор од гужвите на патиштата.
Со него се поврзани речиси сите поважни места во близина, па затоа многу е лесно преку него да стигнете до сите трговските центри, кафулиња и паркови.
Мостот се наоѓа речиси 6 метри над улицата, со голем број на влезни и излезни ескалатори. Се карактеризира со многу современ и креативен дизајн, па затоа посетителите уживаат во прекрасниот поглед над градот.
Бидејќи е отворена градба, во вечерните часови со осветлувањето се добива навистина драматична глетка во која секој ужива.
Би можело да ве интересира:





