Практични рецепти: Салата од кисела зелка

Искористете ја зимата и киселата зелка за да уживате во освежителна салата. Можете да ја испробате викендов.

prakticni-recepti-salata-od-kisela-zelka

Потребни состојки (за 4 лица):

  • 250 грама кисела зелка
  • 2-3 моркови
  • 100 грама сварена слатка пченка
  • ½ главица виолетов кромид
  • 50 грама мајонез
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1-2 лажици лимон (по потреба)


Подготовка:

Сварете ја пченката.

Киселата зелка измијте ја со ладна вода, исцедете ја и ставете ја во соодветен сад.

Морковите исецкајте ги на крупни парченца.

Мајонезот, павлаката и лимонот измешајте ги па додадете ги и другите состојки.

Измешајте ги сите заедно и проверете дали е доволно вкусно. Може да додадете и црвен пипер по вкус.

Ќе добиете освежувачка, здрава салата, идеална како самостоен оброк или во прилог на суво месо или кобасици.

Би можело да ве интересира:

Зелка од 30kg, огромно глуварче: 13 работи кои ќе ве запрепастат со големината Огромни грутки мраз кои паѓаат како дожд, цвеќе поголемо од дланката, јајце кое ...
Креативни начини како да ги искористите детските базени кои повеќе не ви се потребни Искористете ги старите детски базени и направете креветчиња за уживање, безбедно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg