Оригинални кафе маси за вашата дневна соба
Традиционалните и класични масички за кафе не е единствениот начин како да ја декорирате дневната соба. Оригиналните и уникатни кафе маси во необични форми се прекрасен начин како да ја освежите атмосферата во дневната соба.
Потребна ви е мала инспирација? Одличен избор се дрвените, малечки масички доколку во вашата дневна преовладуваат кафените тонови. Масичките од палети, со мала декорација може да изгледаат неверојатно модерно.
Одберете провидни, пластични или стаклени масички ако сакате да добиете модерен и минималистички изглед во вашата дневна соба.
Старите дрвени куфери, како на сликите подолу, исто така можете да ги искористите на доста оригинален начин. Со малку боја и лак ќе имате ново, уникатно парче мебел кое нема да остане незабележано.
Ова се неколкуте најоригинални масички кои можеби ќе ви послужат како инспирација.