Прифатете се себе си онакви какви што сте
Со години наназад бев постојано нервозен. Бев плашлив, депресивен и хистеричен. И секој ми велеше: Ти мораш да се промениш.
И секој ми кажуваше дека сум невротичен. Ми беа веќе здодеани и јас им ветував и мислев дека ќе се променам, но не успеав никогаш – колку и да се трудев.
Она што најмногу ме болеше беше фактот што и најдобриот пријател секогаш ми зборуваше дека сум невротичен. И тој секогаш ми повторуваше дека морам да се променам. И нему му ветував, па и од ова повторно не бидна ништо, никогаш не успеав.
Се чувствував беспомошен и заробен. Еден ден тој ми рече: Немој да се менуваш! Остани онаков каков што си! И не е важно дали ќе се промениш или не, јас те сакам таков каков што си. Така нека биде.
Тие зборови одекнаа како музика во моите уши. Немој да се менуваш, те сакам...и јас се опуштив и станав повесел и пожив, и ете чудо – јас се променив.
А сега знам дека всушност не можев да се променам сè додека не наидов на некој кој навистина ме сака, без оглед на тоа дали ќе се променам или не.
Чувството кога некој ќе ви каже дека ве сака онакви какви што сте, со сите предности и недостатоци е навистина добро. Тогаш животот ја добива својата смисла.
Ако некој се чувствува сакан тогаш може великодушно да го подарува својот живот, да се жртвува за саканите. Немојте да се отфрлувате себе си велејќи си дека ништо не вредите. Допуштете си да бидете сакани!
Прифатете се себе си онакви какви што сте со сите ваши недостатоци и маани.