Вистински ремек дела нацртани со креда
Уличната уметност може да има повеќе облици, па ако мислевте дека под името „улична уметност“ повторно се кријат некои улични графити, ви препорачуваме да ја прочитате веста и да се уверите во спротивното.
Ако мислевте дека ви требаат платно и живи бои за да направите ремек-дело, тогаш еден 20 годишен уметник од Русија ќе ве убеди дека тоа е можно и со обична училишна креда.
Рустам Валеев, единствено што користи е креда и тротоарот од пред куќа за да ги создаде овие прекрасни и детални дела кои може во секое време да се избришат доколку му пречат на некого – една кофа вода и готово.
Но, видете за каква уметност се работи и помислете дали вреди да се уништи едно вакво дело.