Со темни бои до модерен и мистериозен дом
Проширете ја палетата на бои со кои го декорирате вашиот дом. Можеби белата е пријатна и едноставна боја, меѓутоа нема ништо лошо ако и додадете малку контраст.
Размислете во кој дел од вашиот дом би сакале да додадете доза на мистериозност и испробајте една од следниве идеи.
Светлите тонови помешајте ги со црни. Белите ѕидови наспроти темен мебел изгледаат прекрасно. Темните перници, спротивни од светлиот мебел исто така може да бидат одлична декорација. Доколку црната боја е премногу темна за вашиот вкус, заменете ја со чоколадно кафена, а притоа ќе го добиете истиот ефект.
Затемнете го таванот. Малку чудно, но навистина штосно. Доколку имате големи прозорци и висок таван, светлината нема да се изгуби ако тој е малку потемен од останатите ѕидови.
Одберете темни парчиња мебел. Доколку ви се чини дека дневната соба е малку монотона и еднолична, одберете темен мебел кој одлично оди со неутрални тонови.
Потемен под од вообичаено. Еден од најлесните начини како да затемните некоја соба во вашиот дом е да додадете темен ламинат или паркет. Одлична декорација за ходникот, трпезаријата и дневната соба.
Ви се допаѓаат ли комбинациите?