Идеи за уредување на малиот работен простор во домот (фото)
Доколку домашната канцеларија ви е нешто неопходно, постојат многу начини како да ја уредите.
Ако имате многу мал простор тоа не значи дека домашната канцеларија не е изводлива. Импровизирајте и употребете ја вашата креативност.
Одбирајте светли бои, бел мебел и малку детали. Големиот простор пополнете го со многу полици, фиоки, шарени детали и интересно биро.
Доколку имате простор за избор, изберете ја собата или просторот кој е најоддалечен од дневната соба, кујната и просторот во кој тишината е невозможна.
Последното, но не најмалку важно правило е светлината. Одбирајте работната површина да биде веднаш под прозорецот, а од местото каде што ќе седите да имате потполна прегледност и убав поглед.
Погледнете неколку неодоливо уредени мини домашни канцеларии, кои можеби ќе ви послужат како идеја за средување на вашата.