Македонско запросување среде Њујорк (видео)

makedonsko-zaprosuvanje-srede-njujork

Нашиот топ модел, Мис Македонија и претставничка на избор Мис Свет во Кина во 2010 година Елена Смилевска, и пејачот Дејан Донев скокнаа во тавче и го кажаа судбоносното ДА во Неделата на 28 октомври кога Дејан на прекрасен, уникатен и романтичен начин ја побара раката на Елена.

Двојката веќе подолго време живее во Њујорк, па токму таму и се случило запросувањето.

Имено Дејан за 5 минути го закупил најпознатиот рекламен простор во светот, во центарот на Њујорк на Тајмс Сквер, приготвил слајд шоу со кое што ја изразува својата љубов и кое се појавило на рекламниот простор точно во 20ч и 30 мин.

Целото запросување е уште поинтересно ако се земе фактот дека Дејан цел месец го планирал романтичниот подвиг за кој што морал да потпише договор и да ја испланира секоја минута од нивната вечерна прошетка низ Њујорк.

Земете предвид дека на 28ми октомври низ Америка помина Ураганот Сенди кој што како што знаеме нанесе милионски штети низ источниот брег на Америка, а најпогодени беа Њујорк и Њу Џерси кои што во одредени делови се уште немаат струја. 

Во продолжение можете да го погледнете овој романтичен подвиг:

{youtube}3bMmqahCevs{/youtube}

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Каков „сладок хаос“ е животот во брак со деца Кога децата спијат врз вас или јадете останки од храна како „романтична“ вечера ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Низ илустрации: 10 типови клиенти кои им одат на нерви на продавачите Луѓе кои се истураат на продавачите и поставуваат прашања за кои тие немаат одго...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg