Опуштена атмосфера во луксузна резиденција
Дизајнерските студија SAOTA во соработка со Three 14 Architects го комплетираа дизајнот за куќата Glen 2961, модерна резиденција во срцето на Кејп Таун, Јужна Африка.
Според архитектите, новата куќа моралaда одговара на околната градина и околина, за да овозможи доволно простор за разновидните барања на семејството – но, и да создаде приватен простор за секој дел од него.
Домашните се фалат од дизајнот, велејќи дека постигната е одлична врска помеѓу внатрешноста и надворешниот простор. Тоа особено се гледа во дневната каде се поставените големи алуминиумски врати кои треба да го нагласат отворениот дух на домот.
На истиот кат има голема кујна, додека на погорниот кат, преку кој влегувате во домот, има 4 спални со одличен поглед и просторија за учење – библиотека.