Најдобриот ресторан на светот
Повеќе од 800 готвачи, критичари и експерти од угостителската бранша направија листи од 100 најдобри ресторани на светот, за најдобар од сите...
...е избран ресторанот El Bulli во Шпанија.
Овој ресторан е единствено место. Како прво, отворен е 180 дена во годината од јуни до декември. За тоа време послужуваат само 8000 вечери кои ги подготвува Ferran Adria, човекот кој е неколку пати прогласен за најдобар кувар на светот.
Просечна вечера е околу 250 евра, а самиот ресторан е сместен на планинска уличка во градот Roses кој е оддалечен на два часа од Барселона.
Втор најдобар ресторан е Fat Dusk во Беркшир кој го загуби првото место заради неодамнешниот скандал во кој неколку стотини посетители добија тровање поради храната.
Ресторанот Gordon Ramsay на истоимениот кувар од Велика Британија, не влезе во првите најдобри што се покажало дека и покрај Мишелиновите ѕвезди (оцена за квалитет на ресторанот), овој не спаѓа во најдобрите во светот.