Колку да оставите бакшиш?

kolku-baksis-povekjeДури и најштедливите се свесни дека сите ресторани и хотели ширум светот имаат свои правила за т.н. напојница или по наше кажано бакшиш. Обичаите се...

 

...разликуваат од земја до земја па добро е да познавате некакви правила за да не се доведете во непријатна ситуација.

Не треба да заборавите дека премногу или премалку може да навреди некого.

На пример, ако во луксузен хотел во Јапонија сакате да оставите бакшиш вашиот гест ќе биде доживеан како kolku-baksisбезобразно прикажување на вашето богатство. Доколку, пак, заборавите да оставите бакшиш во САД најверојатно никогаш повеќе нема да бидете добредојдени.

Во многу места во светот ако сте во недоумица подобро е да дадете нешто отколку ништо, препорачуваат експертите од туристичката публикација Fodor's.

Доколку сте во Европа, надокандата за услугата воглавно е вклучена во цената на оброкот. Обичај е да се остави уште 5% до 10% за благодарност, во врвните ресторани.

На таксистите се остава 10% од сумата, а на хотелските разнесувачи нема да погрешите ако им оставите 1 евро по торба.

Стручните лица се согласуваат дека во било кој хотел на светот не морате да оставите бакшип за совет да го разгледате местото во кое сте дошле, но секогаш треба да покажете благодарност затоа што ви излегле во пресрет.

Во Европа е доволно да оставите по 1 евро за секоја услуга како што е организација на превоз до аеродромот или резервација во ресторан. Но, ако имате посебни желби се очекува да оставите најмалку 15 евра, во зависност од барањата.

Како и да е, секогаш бидете љубезни и оставете добар впечаток!

Би можело да ве интересира:

18 ѕвезди кои ќе изгледаа невпечатливо ако наместо сини имаа кафеави очи (фото) Од Бред Пит, преку Бредли Купер до Мајли Сајрус - како ќе изгледаа познатите со ...
Најзначајните и најубавите скулптури од минатото кои треба да ги знаете од општа култура Покрај мистичната сфинга во Гиза и статуата на Венера, односно Афродита, во Лувр...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Очекувања vs. реалност: „Што порачав онлајн, а што добив?“ Некои корисници на интернет покажаа што порачале онлајн, а што всушност добиле.....
„Со кафе се јаде нешто благо“: Балкански навики поради кои се дебелееме Ако се купува скара, се пресметува половина килограм месо по човек. По вака обил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg