Под месечината - идеална планинска куќа
Под камуфлажа на природата, некаде на планината Хотам во Австралија, се наоѓа планинската куќа „Under the Moonlight“, дело на архитектот Џовани Ди Амбросио.
Обликот на куќата е доста модерен, но инспириран од локалните историски градби каде преовладуваат камен, стакло, дрва и метали кои треба да ги заштитат сопствениците и од топлото лето и од зимата.
Дизајнерот вака ја опишува куќата: „Овој дом е дизајниран со обѕир да се спречи оштетување на локалната вегетација и дрвја. Кровот е направен од изолиран метал и затоа се совпаѓа со сите временски услови“.
Но, она што навистина ќе ве згрее кај овој дом не е само неговата надворешност, туку и ентериерот во кој топлите бои одлично се вклопени со отворениот простор на куќата – според нас, идеално за собиранки или забави.
Сите слики на следната страна...