Кои Холивудски ѕвезди одбиле легендарни улоги?
Понекогаш, славните холивудски актери поради снимање на друг филм, или бидејќи едноставно тоа не им се чинело привлечно, одбиле улоги кои подоцна донеле милиони долари и стекнале безвременска слава.
Прв таков на листата ни е Вил Смит кој ја одбил улогата на Нео во Матрикс, поради снимањето на филмот „Wild, Wild West“ кој не помина многу добро.
Мет Дејмон одбил две вакви легендарни улоги – првата е во „Аватар“ кој донесе страшна заработувачка, а вториот е улогата на Харви Дент во „Темниот Витез“.
Џек Николсон, а не Ал Пачино, имал прв понуда да го игра Мајкл Корлеоне во „Кум“, но Џек ја одбил улогата со образложение: „Иако знаев дека Кум ќе биде голем филм, тогаш мислев дека Индијанците требаше да играат улоги на Индијанци, а Италијанците на Италијанци“.
Легендарната девојка од 80-те, Моли Рингвалд ги одбила улогите за „Прекрасна жена“ и „Дух“, чии шанси ги искористија Џулија Робертс и Деми Мур.
Сер Шон Конери има направено одлични улоги во својата кариера, но портфолиото сигурно би било побогато ако не ги одбиел улогите на Гандалф во „Господар на прстените“ и Морфиус во „Матрикс“.
Колку и ова да звучи чудно, да не заборавиме дека на актерите кои ги прифатиле улогите може им било пишано да ги играат. Кој знае, можеби горенаведените актери немало толку добро да ги одиграат овие легендарни улоги.