Приказната за убавата проститутка
„Ирена сакаше да биде убава, да биде жена, да биде слободна. Беше директна и љубопитна, како дете. Го сакаше флертот повеќе од бракот. Тензијата повеќе од хармонијата. Желбата повеќе од задоволството. Далечината повеќе од близината. Така и живееше, по секоја цена“ – напишала за Ирена Штауб, Розвита Хеке која ја документирала убавината на оваа дама од Цирих.
А, која била Ирена? Актерка? Манекенка?
Ирена била најпозната проститутка на улицата на Црвените светла во Цирих.
Ја нарекувале Лејди Шива. Била нарекувана и циришката Мерлин Монро, иако била несомнено поубава од Мерлинка. Работела како проститутка од 1973 до својата смрт во 1988 година.
Никогаш не зборувала за своето минато. Сепак, познато е дека се проституирала од својата 16 година кога го напуштила својот дом во Лихтенштајн. Во 1973та година стигнала во Цирих. Сакала да црта. Меѓу нејзините обожаватели биле и Дејвид Боуви и сликарот Луцијано Кастели. Кога и да поминувал во Цирих, пејачот Роберт Палмер ја повикувал во својот хотел.
Многумина сè уште се сеќаваат како Ирена се враќала дома во раните утра низ празните, тесни улици, во црни фустанчиња, додека соседите оделе да купуваат леб.
Данијел Шмид во 1982 година, инспириран токму од Ирена, го снимил филмот "Schatten der Engel" (сенката на Ангелот), по сценарио на Фасбиндер. Филмот зборува за убавината на проститутката која предизвикува страв кај клиентите.
Во осумдесеттите, нејзината наивност почнува да бледнее, како последица на дрогата. Загинала во сообраќајна несреќа во Тајланд, брзо, баш онака како што и живеела. Многумина ги криеле солзите од своите жени...