8 љубовни суеверија
Дали имате среќно парче облека кое го носите на првиот состанок? Дали му се јавувате на партнерот три дена по состанокот? Дали на денот на венчавката ќе носите нешто старо, позајмено и сино?
Ако потврдно одговоривте на овие прашања, вие сте суеверни во љубовта. Но, зошто да не?
Доколку суеверието не го сфаќате премногу сериозно, тоа може да ви помогне малку да се опуштите и да се чувствувате посигурно во овој „луд“ свет.
Докторката Џенет Пејџ, авторката на книгата „омажете се оваа година – имате 365 дена за тоа“, за суеверието вели:
- Празноверието е илузија за контрола на судбината. Дури и ако само нестварно ги контролираaт животните случувања, луѓето не се откажуваат лесно од љубовните ритуали.
Ви преставуваме осум најчести суеверија и објаснувања кои се јавуваат во човечкиот живот.
Фрлање паричка во бунар за да се исполнат нашите желби
Во минатото жените верувале дека ако стојат над бунар и замислат желба, таа наскоро ќе се оствари. Најчесто замилувале да имаат маж, деца, а потоа поради сигурност желбата да им се исполни фрлале паричка. Добар знак дека желбата ќе се исполни било ако жената во водата ја види својата јасна рефлексија. Водата и денес е поврзана со мечтите и желбите.
Кинење ливчиња од цвеќе
Овој обичај е од средновековната Франција, а стиховите поврзани за овој ритуал – ме сака, не ме сака, прв пат во малку поинаква верзија се изговорени во Англија во 15-тиот век.
Партнерот се повикува три дена по состанок
Филмот „Свингери“ од деведесеттите години, е „виновен“ за оваа пракса. Како би се прикрил копнежот од другата страна, партнерот чека да помине извесно време за да и се јави на својата симпатија.
Бакнување на полноќ под елка на новогодишната ноќ
Се верува дека начинот на кој ќе почне новата година го одредува нејзиниот тек, а бакнежот, ќе се сложите е еден од најдобрите симболи на радоста и љубовта, а старите друиди сметале дека елката лечи сè, па повеќе е од доволно, на полноќ да се бакнете со драгата личност под елка. Овој ритуал прв пат е забележан на фестивали кај старите Грци.
Ставање на свадбена торта под перница
Ова суеверие гласи: ставете парче свадбена торта под перницата и ќе го сонувате својот иден маж. Настанало во 17-тиот век во Англија и се применува сè уште бидејќи колачот и понатаму се смета за симбол на плодноста.
Фрлање ориз над главите на младоженците
Дали некогаш сте помислиле зошто сватовите фрлаат ориз над младенците? Изгледа малку непријателски, но обичајот настанал со најдобри намери. Суеверието потекнува од хебрејската култура, а го применувале и Асирците и Египќаните. Оризот се сметал како симбол на плодноста и среќата, а Кинезите верувале дека тој љубовните парови ги штити од зли духови.
Губењето на вереничкиот прстен е лош знак
Бетси Белега, медиум, поучена од искуството на своите клиенти тврди дека губењето на вереничкиот прстен е лош знак.
- Прво мислев дека е во прашање случајност, но дури седум девојки по губењето на прстенот, ја раскинале веридбата – вели Бетси.
Таа советува да не се става прстенот додека не се најде соодветна големина и потоа да не се вади.
Носење на нешто старо, позајмено и сино на денот на венчавката
Синото симболизира чистота, верност и лојалност, се враќа на библиската традиција, бидејќи невестите во Израел на денот на венчавката носеле сина лента во косата. Стариот предмет означува дека постоечките врски во семејството ќе бидат сочувани и продолжени, додека она позајменото на невестата и обезбедува поддршка и љубов од пријателите.