Пентхаус во Њујорк со поглед на реката Хадсон
Има ли поголема инспирација за работната недела од овој прекрасен апартман во Њујорк кој ете можеби некој ден би можел да биде ваш ако напорно работите?
Сигурно дека со нашите плати тоа не доаѓа предвид, но ова не е причина за момент да не се проектирате, барем со мислите, во овој прекрасен апартман во Њујорк кој има феноменален поглед на три страни.
ТриБека апартманот се наоѓа на 30-ти спарт на Чембер Стрит, и располага со четири спални, 5 бањи и тоалети и се протега на површина од 436 метри квадратни.
Апартманот на запад гледа врз реката Хадсон, на исток сопствениците ќе уживаат во погледот на долен Менхетен, а од север на областа Мидтаун. Се разбира, неговите дизајнери го искористиле феноменалиот поглед со големи прозорци на секаде околу станот, така што во која соба да се наоѓа нема да ви биде досадно макар и постојано гледате низ прозорците.
Ако некогаш дојдете до повеќе милионски суми, што искрено ви посакуваме, тогаш овој апартман може да биде ваш за 16,5 милиони долари.