Недела е ден за фудбал!

Фудбалот како и сите други спортови можат да се гледаат колективно заедно со друштво. Супер недела значи дека во текот на целиот ден има 3-4 дерби натпревари од 2 или повеќе фудбалски лиги. Знаејќи дека првиот дерби натпревар почнува во 14.30 по локално време приемно време за гостите е од 12.30 до 13.00.

nedela-e-den-za-fudbal

Се доаѓа порано околу 1 час за да има време да се направи кафе, да се послужат другарите и нормално да се изиграат бар 2 текми ПЕС на сони3. Секој од друштвото носи различни намирници за да бидат задоволени сите вкусови и потреби.

За време на натпреварот се гаси wi-fi-то од мобилните и се избегнува јавување на телефон освен ако не е за ремет на некој што навива за тимот кој губи и не е со вас во моментот. Исто така исклучок е ако те бара девојка ти која многу ја сакаш и едноставно ја креваш слушалката и разговараш некои 15-20 секунди.

За време на полувреме се игра уште една текма на сони, уште е подобро ако може да набавите плус 2 џојстика за игра 2 на 2.

10 минути пред вториот натпревар нарачуваш јадење од некаде за да може на раат да се гледаат и останатите натпревари.

После второто дерби има некоја поголема пауза каде може да се изиграат уште неколку текми на ПЕС, за истото време доставувачот на пица ти дава знак дека те чека пред зграда и се престанува со сите активности за да може да се посветиш на јадењето пица.

Откако ќе се изеде пицата за рекордно време се послужува со пиво или пак второто кафе, по можност да е турско.

Веќе е почнато третото дерби и си пропуштил 1 гол, но не креваш паника бидејќи во рок од 10 минути следуваат уште 2 гола на истиот натпревар. Паралелно со гледањето фудбал, пушташ нет на паметниот телефон само за да провериш дали тикетот ти е добитен кој си го пишал на слепо. Ако е добитен кул, ако не е добитен тоа е, повеќе среќа нареден викенд.

Веднаш по последниот дерби натпревар се префрлате на уште некоја партија ПЕС за да околу 23.00 часот сите да ти се заблагодарат на гостопримството на ваков прекрасен ден и да си отидат за 3 минути.

Недела знае да биде тежок ден, нели? :)

 Г. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg