Дебелите забораваат побрзо од слабите
Еве еден напис за оние кои упорно одбиваат да ослабат под изговорот дека „се здрави и прави“, кој вели дека дебелите луѓе можат побрзо да ја загубат меморијата и мозочните способности во споредба со послабите лица.
Ова се вели во едно британско истражување во кое исто се наведува дека подебелите луѓе кои имаат други здравствени проблеми како висок крвен притисок и висок холестерол, меморијата и другите мозочни способности ги губат речиси една четвртина побрзо од другите.
Истражувањето кое опфатило 6500 државни службеници на возраст од 50 до 60 години, открило дека 582 од нив кои биле дебели биле „метаболично абнормални“ – што значи дека покрај тоа што имале висок крвен притисок и висок холестерол земале и други лекарства за друга болест, или биле дијабетичари.
Токму оваа група на луѓе побрзо ја губеле меморијата во однос на нивните послаби колеги, додека оние кои покрај дебелината имале и други проблеми најбрзо ја губеле меморијата, при што голем дел од тоа губење и се препишува на дебелината.