Тајната формула за посреќен живот
Животните проблеми, како што е отказ на работа, сообраќајна несреќа или дознавање дека сме болни, обично доаѓаат од „ведро небо“. Овие ситуации се обично безизлезни, но не мора да значи дека не можеме да се бориме со нив.
За ова е потребна способност т.н. когнитивна флексибилност, односно да не се оптеретуваме со ситните проблеми. Луѓето кои ќе го истренираат мозокот да ги игнорира „непотребните стресови“ побрзо се враќаат од ненадејните ситуации во нормален колосек и се многу посреќни.
За да успеете во ова, мора да го промените начинот на кој размислувате. Најблиску до ова е зен филозофијата која вели дека работите во животот треба да ги прифатиме онакви какви што се. Ако на ова додадеме врамнотежен животен стил со доволно сон, соодветна исхрана, широк круг на познанства и намалување на стресот, ќе ја добиеме златната формула за премостување на животните проблеми.