Вистинска приказна: Од потрес на мозок до виртуоз на клавир
Дерек Амато (40) од Денвер, пред 6 години преживеал потрес на мозокот, а по ова станал побогат за еден нов талент – музикалност. Тој и порано знаел...
...да свири на гитара, но многу лошо, а свирењето на клавир и уште седум други инструменти го усовршил по несреќата.
Докторот Ендру Ривс потврдил дека Дерек пати од исклучително реткиот синдром Савант кој му овозможил да го препознае новиот талент по повредата.
Новооткриениот виртуоз пред повредата бил без работа, а сега има снимено два албуми, исклучителна музичка кариера и кров над глава. Иако пати од главоболка и слуша послабо вели дека не би сакал да се врати во претходната состојба.
Слушнете како звучи Дерек на клавир: