Посетете го Амстердам
Продолжуваме со претставување на најубавите места во Европа кои можете да ги посетите како и сите важни работи кои во нив би сакале да ги видите...
Амстердам
Врвна уметност, историја или екстра забава - овој град ви дава огромен избор. Шарен, мултикултурен, слободен град кој лежи на канали. Во него можете да видите безброј млади туристи желни за забава и искушение, но сепак градот е повеќе од тоа.
Можете да посетите повеќе од 40 музеи, а најинтересен е оној на Рембрант во кој можете да влезете ако имате 15 евра во џебот. Ако уметниците ви се слаба точка тука ќе ја најдете и најголемата збирка на делата на Ван Гог.
За оние кои повеќе им лежи полесна содржина, необичен е музејот на пиво Heineken Experience. Во него можете да видите и чуете се за пивото- од идеја до реклама.
Неизбежна е посетата на куќата на Ана Франк. Од надвор помодерна, а внатре нуди безброј приказни за еврејското девојче. Куќата е поделена по етапите на нејзиниот живот а редот за влез е секогаш долг па наоружајте се со трпение.
Амстердам е познат по своите канали. Меѓу најпознатите се Lord's Canal и Prince's Canal, и има околу 1300 мостови. Некои велат дека погледот на Амстердам од чамците со кои пловите низ каналите е всушност најубавата глетка на овој град.
Фактот за легализираната марихуана го закити овој град како најслободен во Европа. Во многуте coffee shops можете да уживате во најразлични понуди на лесни дроги. Колачи, торти, чаеви, марихуана на 100 начина.
Неизбежно е да ја посетите и познатата Red Light District - црвениот кварт на проститутките. И не заборавајте - немојте да користите фотоапарати да ги сликате дамите на ноќта (кои се тука деноноќно) затоа што вашата посета на Амстердам може да заврши неславно.
Во секој случај Амстердам е модерен град, кој пат да го одберете уметност, опуштање, пловење или се одеднаш нема да погрешите. Граѓаните на Амстердам во најголем број зборуваат англиски, и секогаш ќе ви помогнат ако воопшто пронајдете некои затоа што градот е преполн со туристи од цел свет.