Затвор за руски феминистки
Рускиот феминистички панк-рок колектив Pussy Riot изведе низа концертни перформанси низ Москва како протест против повторниот избор на Путин.
Нивната панк-молитва Богородице, избркај го Путин предизвика бурни реакции во Русија.
Црквата ги обвини за богохулење, а дел од екипата беше ставена во притвор. Задржани се три од наводните членки на Pussy Riot на кои им се заканува затворска казна до 7 години!
Мирниот протест за полова еднаквост, слобода на изразување и демократија ги одведе зад решетки, иако ваквата нереална казна се коси со рускиот устав. Нивниот случај го привлече вниманието на светските медиуми и меѓународни организации за човекови права. На freepussyriot.org може да го следите развојот на овој случај и да ја искажете вашата поддршка.