Како типот на кафе ја одредува нашата личност?

kako-tipot-na-kafe-ja-odreduva-nasata-licnost-povekjeКафе наутро или на пладне? Со пријателите, на работа или како неизбежен ритуал за уживање сами? Со млеко или без, топло и горко или можеби ледено...


...со сладолед? Некои се зависници од голтка кафе со јак вкус, на некои им е неопходно за да го почнат новиот ден, а некои пак го пијат единствено поради социјален момент и дружење.

Честопати не сме ни свесни, но нашиот омилен тип на кафе, како и начинот на кој го пиеме и подготвуваме ја одредува нашата личност. Чист факт. Токму на оваа тема направени се и бројни истражувања, а социолозите и психолозите пак, согласни се: ритуалот на пиење кафе се поврзува со социјалните потреби на личноста.

Аурата на доброто кафе кај некои луѓе поттикнува чувство на релаксираност, додека пак кај некои други типови е главниот двигател на енергија. Исто така и средината каде што се пие кафето, без разлика дали станува збор за кафуле, дом, канцеларија, е повеќе од само место за пиење кафе. Онаму каде што се пие кафе е всушност заедница отворена за прифаќање нови идеи и култури. Изборот на вкус пак, неретко се поистоветува со нашиот личен животен избор. Сите овие факти, но и многу други индикатори говорат за нашиот карактер, за нашата социјална припадност и потреби“, вели Славе Младеновски, социолог.

Поставете си неколку прашања поврзани со вашите секојдневни активности и ќе се изненадите колку навистина кафето соодветствува со вашиот профил. Или обратно: размислете кои сè чекори ги преземате додека го подготвувате вашето кафе, какви додатоци користите, каде и со кого го пиете и тоа ќе ја дефинира вашата личност.


1.
Доколку сакате инстант, или пак мелено кафе, потребно ви е наутро за да ве разбуди, најчесто за време на појадокот, но честопати знаете да го пиете и од навика; доколку сте зависни од силната арома и квалитетниот вкус, уживате во ритуалот на пиење кафе – Вие сте стандарден тип.

kako-tipot-na-kafe-ja-odreduva-nasata-licnost-3

Веројатно сте вработени, имате семејство, но сте лојален пријател. Го сакате животот, искрени сте и автентични. Во друштво сте меѓу омилените и наоѓате магија во секој миг.


2.
Доколку наутро, дури и пред да појадувате, со полуотворени очи се упатувате кон кујната за да го подготвите вашето прво кафе; доколку вашиот омилен вкус е силно, горко, без речиси никакви додатоци и уживате додека го пиете сами за успешен почеток на новиот ден – Вие сте еднергична личност.

kako-tipot-na-kafe-ja-odreduva-nasata-licnost-1

Сакате спорт и забава, амбициозни сте во работата, функционални во одлуките. Честопати преземате иницијатива и ги поттикнувате сите околу вас да го сторат истото. Можеби сакате и да бидете лидер. 


3.
Доколку кафето за вас не е приоритет наутро, едноставно можете и без него, но доколку веќе го пиете - тоа не трае повеќе од 5 минути додека се подготвувате за на работа; доколку омилен дел од денот за кафе ви е пладнето за малку дополнителна енергија и го пиете првенствено за социјалниот момент; доколку ставате половина лажичка наместо цела, го сакате слатко, со млеко, а често и ледено – Вие сте мирен тип.

kako-tipot-na-kafe-ja-odreduva-nasata-licnost-2

Уживате да сте сами или меѓу најблиските, не секогаш се впуштате во вжештени дискусии,  посветени сте на работата и вредни сте. Сакате добра музика, имате стил, изразена креативност и се грижите за себе.

Би можело да ве интересира:

Работи што козметичарите во салоните за нокти ги забележуваат кај вас Каква облека носите, дали доцните, но и дали сте учтива личност – кои работи ги ...
Како да препознаете оригинален Victoria’s Secret спреј за тело и уште 5 други производи? Дали знаете како да препознаете дали парфемот што го купувате е оригинален или д...
Фотки за утеха: Луѓе кои имаат полоши колеги од вашите Колеги кои со автомобилот зафаќаат две паркинг места и колеги кои чекаат некој д...
Брчки, здебелени, со седа коса - Како би изгледале денес починатите познати личности? Мерилин Монро, Витни Хјустон, Робин Вилијамс - малку бизарна, но интересна можно...
12 реални фотки на луѓе кои очекуваа луксуз, но се разочараа на одморот Откако ќе ги видите овие реални фотографии, ќе ви стане жал за некои од овие луѓ...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg