Специјалитети од инсекти
По повод објавувањето на готвач со рецепти од инсекти во Холандија беше направена најголемата торта со скакулци. Не знаеме дали имало конкуренција...
...од други мали и големи торти со скакулци, ама наскоро можеби ќе ги правиме и по дома.
Инсектите се богат извор на протеини и иако имаат слични хранливи вредности како месото, одгледувањето инсекти бара многу помалку простор и произведува многу помало загадување отколку целиот процес на одгледување животни како свињите.
Дел од рестораните во Холандија веќе почнаа да нудат специјалитети со инсекти обидувајќи се да го прошират кулинарскиот новитет што би можел да го реши проблемот со прехрана на сѐ побројното население на планетата.
Истата идеја ја има и готвачот Хестон Блументал кој вметнува инсекти во менито на својот престижен ресторан со три Мишелин ѕвездички, The Fat Duck. Во шоуто на Греам Нортон тој ги послужи гостите со хот дог со виршла полнета со кечап и сенф, посипана со пржени црвчиња и послужена во салфетка што се јаде.