Велигденски пунч
Оваа варијација на тема пунч е направена специјално за збогување со зимата и богат, освежувачки дочек на пролетта. Рецептот на коктел мајсторот од...
...Лос Анџелес, Matt Wallace, е именуван како Rabbit Punch и е совршен за веселите празнични седенки во двор.
Важно е да ги оставите овошните кори да го соединат вкусот со шеќерот, но иако бара повеќе време, за вкусниот Велигденски пунч не е потребно многу труд.
Потребно:
- 1 портокал
- 150-200 g шеќер
- 200-250 ml лимонов сок
- 200-250 ml сок од ананас
- 750 ml виски
- 200-250 ml пенливо вино
- По желба и околу 200 g ананас
Излупете тенка кора од портокал и лимон, ставете ги во садот за пунч и додадете го шеќерот.
Промешајте и оставете да отстои 1-2 часа.
Се додаваат соковите од лимон и ананас, па алкохолот и се меша.
Непосредно пред служење се додаваат коцки мраз (околу 3-4 чаши полни мраз), па се става пенливото вино.
По желба додадете парчиња ананас, портокал и лимон.
На здравје!