8 вообичаени тактики што ги користат манипулаторите и како да се борите против нив, низ илустрации
Манипулативни родители
Понекогаш ни е тешко да поверуваме дека родителите ќе се обидат да манипулираат со нас.
Но, реалноста е дека тие тоа го прават често - го наметнуваат своето мислење, сакаат да ги контролираат постапките на децата или да се мешаат во нивната приватност.
Многу е важно да ги препознаете овие ситуации, да реагирате смирено и да поставите јасни граници меѓу вас и нивното однесување.
Жртва
„Жртвата“ е манипулатор кој постојано се претставува себеси како најнесреќната личност на светот за да добие сочувство од околината, но и на тој начин да ги контролира другите.
Глумејќи жртва, овие личности го вртат фокусот кон себе, кон своето страдање, па манипулираат со другите кои треба да се потрудат да направат „жртвата“ да е среќна и да ѝ е убаво.
Во овој случај е многу важно да поставите емоционални граници и да се грижите повеќе за своето ментално здравје, отколку за постојаните и невозможни потреби на „жртвата“.
Виновник кој секогаш се кае
Некои луѓе секогаш ги игнорираат одлуките, мислењата, постапките и чувствата на другите - вклучувајќи ги семејството и пријателите.
Реагираат импулсивно, и иако подоцна може да се покајат, сепак вината за некои работи секогаш ја префрлаат на некој друг.
Со своето однесување ќе ви создадат чувство на вина, иако не се во право.
Затоа, кога знаете дека се однесуваат детинесто, кога прават работи од инает или кога не сакаат да преземат одговорност за своите постапки, бидете и вие „безобразни“, па в лице кажете им ја вистината.
Цената на простувањето
Караниците се составен дел од секоја врска, но понекогаш, штетата што ќе ја направат тешко може да се поправи.
Манипулаторите потоа се обидуваат со подароци да го „купат“ простувањето од својот партнер и да се искупат за лошото однесување или навредливите зборови.
За да им одржите лекција, најдобро е да го одбиете подарокот и да го насочите разговорот кон она што е најважно - проблемите кои треба да се решат.
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





