8 вообичаени тактики што ги користат манипулаторите и како да се борите против нив, низ илустрации
Глумат жртви, ве „фаќаат“ на емоции, знаат како да ги извртат вашите зборови... Знаете за каков тип на манипулатори зборуваме, нели? Ова се нивните вообичаени тактики (но и совети како да им се спротивставите).
Кога некој ќе ви понуди помош на тоа гледате како на пријатен гест од негова страна, нели? Но, што ако зад ова се крие намера за идна манипулација - сека ќе ја прифатите помошта, па во иднина ќе се чувствувате должни да вратите за добрината што ви ја направиле?
Не е лесно да се претпостави дали нечија добрина е искрена или некој ви помага затоа што некогаш ќе му затреба нешто од вас.
Ова се некои од највообичаените тактики за манипулација што ги користат луѓето, но и совети како одлучно да се справите со нив и да не дозволите некој да проба да ве искористи:
Емоционална уцена
Емоционалниот уценувач е вешт манипулатор кој го користи вашето чувство на вина и ви создава психолошки притисок за да го добие тоа што го посакува.
Омилена реченица му/ѝ е: „Ако ме сакаш, ќе го направиш тоа за мене“.
Мора да научите да им кажете „НЕ“ на овие личности и тоа да го правите без грижа на совест.
Беспомошна личност
Секогаш бидете внимателни со оние коишто се секогаш беспомошни.
Тие се вистински манипулатори кои се толку внесени во својата улога, што нема сами да ја направат ни најлесната работа, иако можат.
Нив им е полесно да бараат помош, и тоа со невин израз на лицето, за да не можете да ги одбиете.
Ако имате ваква личност во своја близина, следниот пат кога наивно ќе ви побара помош само речете ѝ „НЕ“ и продолжете со тоа што го правите.
Господари на играта со зборови
Често ни се случува погрешно да протолкуваме нечии зборови или постапки.
Но, вештите манипулатори ги користат зборовите стратешки за да избегнат одговорност за своите постапки.
А ако реагирате, ќе најдат начин да ги извртат вашите зборови, за повторно, вие да се чувствувате виновно.
Затоа е важно да инсистирате да се држат до договорот или да не се расправате, туку да го кажете тоа што сакате и да си заминете, без да им дадете можност да си „играат“ со вас.
Невозможни ветувања
Дали некогаш избрзано сте ветиле некому нешто само за да го избегнете притисокот во тој момент, а со намера подоцна да не го исполните ветувањето?
Но, ако сте ветиле нешто на манипулатор, таа личност ќе најде начин да ве натера да го направите и тоа што не го сакате, само затоа што сте „ветиле“ - а против вас ќе го користи вашето чувство на вина.
Запомнете - ако станува збор за нешто невозможно, не чувствувајте обврска да одите против себе.
Но, ако веќе сте дале збор, исполнете го ветувањето, а во иднина никогаш, ама никогаш, не избрзувајте со одговорот.
Уште 4 на следната страница...
Би можело да ве интересира:





