Пред vs. потоа: Драстична трансформација на маж во Турција, со пластични операции
„По една година пластични операции лицето на овој маж е доведено до совршенство, односно се смета дека е постигната ‘идеална’ пропорција на лицето“, споделуваат одговорните од една турска клиника за пластична хирургија.
Клиниката за пластична хирургија „Еstemed Istanbul“ во Истанбул, Турција, на својот Инстаграм профил постојано споделува фотографии од драстичните трансформации на своите клиенти.
„Estemed Istanbul“ е медицинска установа, која нуди широк спектар на естетски и медицински услуги, вклучувајќи: пластична хирургија на лице и тело, дентални третмани и трансплантација на коса.
Сега, тие споделија како лицето на еден маж, кој го претставуваат со името Џонатан, е трансформирано речиси до непрепознатливост.
На нивниот Инстаграм профил, со фотографиите од него, напишаа:
„По една година, патувањето на г-дин Џонатан до совршенство на лицето е завршено.
Комбинирајќи ринопластика, контурирање на вилицата во форма на V, бисектомија (хируршка интервенција што вклучува сечење на јагодичната коска), подигнување на образите и ремоделирање на веѓите, неговиот нов изглед е доведен до совршенство, обезбедувајќи рамнотежа, хармонија и природно волшебен изглед“.
Од клиниката сметаат дека сега е постигнато „Golden ratio“ или златен пресек на лицето.
Тоа е концепт што се користи во естетиката и пластичната хирургија за да се опише „идеалната“ пропорција на лицето, која се смета за визуелно привлечна.
Погледнете ги фотографиите за да ја видите разликата во естетиката на лицето:
Повеќе трансформации на луѓе во оваа клиника на следната страница...
Би можело да ве интересира:





