Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


12 супермоќи на луѓето со социјална анксиозност

Знаат да читаат меѓу редови - Нивната зголемена чувствителност кон потенцијална осуда кон нив прави постојано да ги скенираат суптилните знаци во разговорите - лесната промена во тонот, кратката колебливост, несоодветноста помеѓу зборовите и изразот на лицето.

12-supermokji-na-lugjeto-so-socijalna-anksioznost-01.jpg

Постојано се фокусираме на што е негативно околу социјалната анксиозноста, но дали некогаш сте размислиле дека таа носи и некои позитивни работи?

Таа ги тера луѓето да размислуваат премногу за интеракциите и да се грижат за туѓите мислења, па некогаш ги обликува на моќни и позитивни начини.

Социјална анксиозност е интензивен страв или вознемиреност што се јавува во социјални ситуации, особено кога личноста се чувствува изложена на туѓа проценка или осудување.

Тоа е повеќе од обична срамежливост – може да предизвика значителна непријатност, да го отежни воспоставувањето односи и да доведе до избегнување на социјални интеракции.

Луѓето со социјална анксиозност често се загрижени дека ќе направат грешка, ќе изгледаат несмасно или ќе бидат негативно оценети од другите. Ова може да резултира со физички симптоми како потење, забрзано чукање на срцето, тремор или чувство на мачнина.

Кои карактеристики се развиваат кај анксиозните луѓе?

Знаат да читаат меѓу редови

Анксиозните луѓе имаат способност да детектираат што другите не кажуваат експлицитно.

Нивната зголемена чувствителност кон потенцијална осуда кон нив значи дека постојано ги скенираат суптилните знаци во разговорите - лесната промена во тонот, кратката колебливост, несоодветноста помеѓу зборовите и изразот на лицето.

Оваа способност им помага да читаат помеѓу редови и ова им помага и на работа и во приватноста.

Поискрено сочувствуваат со другите

Тие знаат како е да се чувствуваат непријатно, изоставено или погрешно разбрано, бидејќи самите го доживеале тоа, па затоа се многу емпатични личности.

Тие се оние што проверуваат како сте по тежок ден, колегите што даваат простор на потивките колеги на состаноци, или луѓето што ги паметат деталите за животите на другите кои сите останати ги заборавиле.

Тоа ги прави вредни пријатели, партнери и тимски играчи.

Извонредни се во пишаната комуникација

Зборовите испишани на хартија или екран често стануваат најдоверливиот сојузник на луѓето со социјална анксиозност кога станува збор за изразување.

Кога зборувањето изгледа премногу застрашувачко, пишувањето е идеална алтернатива - простор каде што можат јасно да ги артикулираат своите мисли без прекинување и без страв од реакции.

12-supermokji-na-lugjeto-so-socijalna-anksioznost-02.jpg

Посебно добри се во решавање проблеми

Луѓето со социјална анксиозност имаат умови што се навикнати да предвидуваат потенцијални проблеми пред тие да се случат.

Тоа постојано разгледување различни сценарија во нивните глави, што понекогаш може да изгледа исцрпувачки, всушност ги направило извонредни решавачи на проблеми.

Тие со години развиваат алтернативни стратегии за справување со предизвици, размислувајќи за повеќе можности и подготвувајќи се за различни исходи.

Секогаш се добро подготвени

Пред состаноци, социјални собири или дури и обични разговори, тие најчесто размислуваат за тоа што би можело да се случи, што сакаат да кажат и кои можни прашања или предизвици би можеле да се појават.

Ова ниво на ментална подготовка станало нивна втора природа – начин да управуваат со неизвесноста што животот ја носи.

Тие се лојални пријатели

Кога луѓето со социјална анксиозност формираат врски со другите, тие врски обично се многу длабоки.

Тие не го сфаќаат пријателството лесно – ја разбираат неговата вредност, бидејќи знаат колку може да биде тешко да се изградат значајни односи.

Оваа перспектива ги прави особено лојални кон луѓето кои ја освоиле нивната доверба и со кои се чувствуваат удобно да бидат свои.

Уште 6 супермоќи на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg