Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа?
Обично папата е погребан во базиликата Свети Петар, но Франциск побарал да биде погребан во друга базилика, направена во чест на Дева Марија, бидејќи за него имала посебно значење.
Од 15 до 20 дена по смртта на папата се организира избор за нов папа, познат и како конклава.
Во Ватикан пристигнуваат кардинали од целиот свет и почнува еден од најтаинствените избори во светот.
Најпрво кардиналите се состануваат во Систинската (или Сикстинската) капела и се заколнуваат на молк и таинственост.
Право на глас имаат само кардинали помлади од 80 години, а за да биде избран нов папа, треба да има две третини од гласовите.
Додека да се направи изборот, кардиналите не смеат да ја на пуштат конклавата и се практично изолирани од светот.
Целта на оваа изолација е гласањето да заврши побрзо - бидејќи секој кардинал може да гласа за кој било кардинал, може да биде тешко да се добие потребното мнозинство ако кардиналите не се притиснати.
Кардиналите гласаат и по неколкупати, сè додека еден од кандидатите не добие мнозинство од две третини.
По секое гласање, нивните гласачки ливчиња се горат во печка, а на оганот се додава супстанца која предизвикува бел или црн чад.
Оџакот од оваа печка е видлив на плоштадот Свети Петар и е со цел да ѝ каже на јавноста дали новиот папа е избран.
Доколу не е избран, чадот е црн, кога ќе се избере нов папа – чадот е бел.
По изборот, победникот треба да каже дали ја прифаќа да биде нов папа.
Доколку одговори потврдно, треба да каже и кое име ќе го користи како папа.
Новиот папа се облекува во бела облека и излегува на балконот на базиликата Свети Петар каде е пречекан од верниците на плоштадот.
На крај, еден од кардиналите на латински изјавува „Habemus papam“, односно „Имаме папа“.
Прочитајте и: Хит црвените чевли на папата Бенедикт vs. скромниот стил на папата Франциск (фото)
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





