Уништување на папскиот прстен, таинствена конклава: Што се случува откако ќе почине папа?
Папата се погребува околу четири дена по смртта, а околу 20 дена откако ќе почине, се организира конклава, односно избор на нов папа.
Извесен период католичките христијани се молат за папата Франциск чија здравствена состојба не е најстабилна.
Моментално 88-годишниот папа е во болница во Рим поради компликација од инфекција на белите дробови, но и други здравствени проблеми.
Папата Франциск беше хоспитализиран на 14-ти февруари годинава, а на 22-ри истиот месец состојбата значително му се влоши.
Следниот ден беше соопштено дека имал и мали проблеми со бубрезите кои биле ставени под контрола.
Иако од Ватикан веруваат дека папата ќе се избори, сепак се дискутира и што би се случило доколу почине.
Бидејќи папата е врховен свештеник на Католичката црква, со неговата смрт започнува цела операција која ги вклучува неговиот погреб, но и организирањето на изборот на следен папа.
Што се случува кога ќе умре папа?
Смртта на папата треба да биде потврдена од раководителот на здравствениот оддел во Ватикан.
Во периодот додека да се избере нов папа, кардиналот со титула камерленго ги презема обврските на папата.
Телото на починатиот папа се облекува во бела облека и се носи во неговата приватна капела.
Во меѓувреме, камерлангото има неколку задачи – тој ја пишува посмртницата на папата, заедно со причината за смртта утврдена од лекар.
Треба и да го затвори апартманот во којшто живеел папата бидејќи внатре не смее да влезе никој.
На крај, камерлангото го уништува папскиот прстен со церемонијален чекан.
За погребот, папата се облекува во црвена раскошна облека.
Но Франциск, кој е познат по својата скромност, побара на неговиот погреб да се избегне непотребно трошење.
Уште од 13-тиот век, телото на почнатиот папа секогаш се изложувало на пиедестал во Ватикан за останатите кардинали, свештеници и членови на црковната хиерархија да можат да му додадат почит.
Но, Франциск не сакал да биде глорифициран по смртта, па неговото тело нема да стои на пиедестал пред да биде погребано.
Наводно, папата побарал ковчегот да биде ставен во базиликата Свети Петар бидејќи сакал да покаже скромност.
Телото на папата ќе биде однесено до базиликата со поворка.
Погребувањето на папата се случува од четири до шест дена по смртта.
Ковчегот се затвора ноќта пред погребот, а лицето на папата се покрива со бел свилен вел.
Во ковчегот се ставаат и монети, како и документ на кој се наведени детали од животот на папата.
Документот се чита на глас, пред да биде затворен во ковчегот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





