8 филмски митови кои немаат смисла во реалноста
Ако паднете во вулкан, ќе потонете во лавата
Иако е течна, густината на лавата е практично иста како онаа на камен.
Па, ако паднете во вулкан, нема да потонете како во вода, но дефинитивно ќе изгорите.
Вредните предмети во музеи и слично се заштитени со видливи ласери
Точно е дека се користат и ласери како заштита во музеи, банки, сефови…
Но, тие не се видливи.
Можете да направите скок со автомобил без да го оштетите
Ако направите скок со автомобил како во акционен филм, кога возилото ќе „слета“, мали се шансите да помине неоштетено.
Автомобилите тежат и по неколку тони и не се дизајнирани да издржат вакви акробации.
Ако некој застрелате во рака или нога, веднаш ќе падне
Најпрво, ако личноста трча, не е така едноставно да биде погодена во некој од екстремитетите.
Покрај тоа, дури и да биде погодена, најверојатно нема да падне веднаш на земјата, туку ќе може да продолжи да се движи.
Секако, ова зависи и од видот на оружје и местото на прострената рана, но во реалноста мала е веројатноста да се случи она што го гледаме на филмовите.
Погледнете и: Митови во кои веруваме благодарение на филмовите кои ја искривуваат реалноста
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





