Митови во кои веруваме благодарение на филмовите кои ја искривуваат реалноста
Модерните филмови можеби имаат многу возбудливи сцени, но веројатно сте свесни дека голем дел од нив во реалноста се невозможни.
Во филмовите се прикажуваат работи кои целосно ја искривуваат реалноста и прават многумина да веруваат во неточни работи.
И, додека за некои сцени и работи е очигледно дека се фикција, за многу, луѓето веруваат во нив и мислат дека и во реалноста е така.
Сепак, тоа се само митови во кои филмската индустрија прави да веруваме залудно.
Во продолжение погледнете неколку чести филмски ситуации кои не се случуваат во реалноста:
Мит бр. 1: По силна експлозија, ликот излегува како херој без никакво оштетување.
Мит бр. 2: По удар во задниот дел од главата, ликот кратко губи свест и веднаш потоа е како ништо да не се случило.
Мит бр. 3: Лесно е да се погоди со куршум и убие човек кој е во вода, независно од отпорот во водата.
Мит бр. 4: Друг човек пред херојот служи како одличен штит од куршуми кои не може да пробијат преку двајца.
Мит бр. 5: Многу лесно може да прелетате низ стакло, да го скршите и притоа да не се исечете.
Мит бр. 6: Елеците отпорни од куршуми може целосно да ве заштитат од секаков тип оружје и нема да имате никакви повреди.
М. М. | Црнобело