Држава со 60.000 езера
Ајде малку да се запознаеме со земјите низ светот, што тие имаат и со какви богатства располагаат. Можеби еден ден кога ќе отидете таму ќе знаете...
......што да видите и доживеете.
Финска
Финска се наоѓа во северна Европа, се граничи со Норвешка, Шведска и Русија.
Финска не се смета за дел од Скандинавија, и жителите не се поврзани со Швеѓаните, Данците или Норвежаните.
Финците за првпат стапнале на нивното земјиште во првиот век, движејќи се од пределот на Централна Русија.
До 8ми век се рашириле до денешните граници на Фиснка. Финците се поврзани со Унгарците, и зборуваат на нивни дијалект, кој не е дел од групата на Индо-Европски јазици.
Финска била управувана од Шведска многу векови, а потоа од Рисуја. Финска ја добила својата независност по Првата Светска Војна.
Денес Финска или Суоми, како што ја нарекуват Финците, зафаќа површина од околу 300.000 км2, губејќи една десетина од својата територија на сметка на Русија за време на Втората Светска Војна.
Оваа ладна, ретко населена држава се простира на 1120 км од север до југ.
Околу една третина од државата се наоѓа во Арктичкиот круг. Поголемиот дел е покриен со шуми и езера.
Во Финска постојат околу 60.000 езера кои зафаќаат околу 10% од територијата на земјата!