Супер-сексизам
Списанијата можеби го имаат фотошоп на своја страна, но стриповите остануваат лидери во поставување нереални стандарди за женска убавина и...
...сексипил бидејќи ним воопшто не им ни требаат вистински жени.
Јасно е дека суперхероите имаат супермоќи, па логично е да живеат повозбудлив живот од нас и да изгледаат многу подобро од нас. И не би се барало доза реалност кога во светот на фантазијата згодните машки и женски ликови би се третирале на барем приближен начин.
Можеби и немаше да се слушаат толку замерки за костимите (мора да биде припиено за полесно движење, а големите гради се чиста случајност, нели?), ако не беа смешните пози.
Насекаде ги гледаме машките ликови со стегнати тупаници или оружје во рака, став што покажува подготвеност за влетување во жестока пресметка и очекувано напнати гримаси. Но на жените како никој да не им кажал дека ќе треба да се борат. Не, не, тие на раат си позираат како за Плејбој, а изразот на нивните лица изгледа како вежбање за фејсбук слика пред огледало.
Оние кои сметаат дека ваквите замерки се претерани нека разгледаат на што би личеле стрип-јунаците кога би се угледале на нивните секси колешки.
Ама кога ќе подразмислиме, колешкиве мора да се многу појаки - ем се борат полуголи и скоро незаштитени, ем се толку ефикасни што секогаш имаат време да си ја наместат фризурата!
З.П. | Црнобело