Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите?
Поткренете ја камерата кога се фотографирате
Ако можете замолете го тој што ве фотографира малку да го поткрене апаратот, за да погледнете нагоре.
На тој начин нема да имате подбрадок и телото ќе ви изгледа послабо.
Кога седите, прекрстете ги нозете кај зглобовите
Наместо да ги прекрстувате нозете кај колената, прекрстете ги кај зглобовите.
На тој начин телото ќе ви изгледа подолго, а нозете и бутовите послаби.
Поместете ги колковите наназад
На овој начин визуелно ќе изгледате целосно послаби. Ќе го скриете стомачето, а ќе ги „издолжите“ нозете.
Искористете ја чантата за да го скриете стомакот
Ако носите блуза која не го прикрива вишокот масни наслаги на стомакот може да ја искористите чантата за да ги скриете неправилностите.
Кога правите селфи, кренете го телефонот
Ако сакате да направите селфи во кое ви се гледа целото тело, добро е телефонот да го кренете повисоко, за визуелно да „го истенчите“ телото.
Б. С. Б. | Црнобело