Низ илустрации: Kако да позирате за да изгледате повитки на фотографиите?
Немојте да ги лепите рацете до телото, застанете под благ агол, а во групните фотографии застанете на средина.
Колку често ви се случило да се фотографирате, а потоа да не ви се допаѓа како изгледате на фотографијата? Ако сакате да изгледате визуелно послаби и лесно да ги прикриете недостатоците, овие илустрации ќе ви помогнат во тоа.
Кога се фотографирате добро би било да следите неколку лесни правила:
Кренете ја брадата благо нагоре
За да го скриете подбрадокот и да направите обликот на лицето да ви изгледа подефинирано, добро е да ја кренете малку брадата нагоре.
Истовремено можете јазикот да го кренете нагоре и да го допрете горното непце за да ги зацврстите мускулите на лицето.
На овој начин лицето ќе ви изгледа визуелно послабо на фотографиите.
Поместете ги рамената наназад и исправете го грбот
Ако застанете исправено, на фотките ќе изгледате повисоки и послаби.
Не ги држете рацете залепени до телото
Кога стоите здрвени, со рацете покрај телото, автоматски изгледате „пошироки“.
За визуелно да го истенчите телото можете рацете да ги свиткате и да ги ставите на колковите, а уште подобро ќе биде ако рамената и лактите ги насочите наназад.
За уште подобра линија на телото, можете благо да го свиткате телото на една страна, за да направите колковите да ви изгледаат послаби.
Позирајте од агол
Застанете под агол од 45°, така што едната нога ќе ја ставите пред другата.
На овој начин нозете ќе ви делуваат подолги и послаби на фотографиите.
Не се навалувајте кон камерата
Природно, кога нѐ фотографираат вообичаено се навалуваме нанапред кон тој што ја држи камерата.
Но, кога се виткате нанапред за да ѝ се приближите на камерата, може да изгледа како да го туркате стомакот нанапред.
Ако се навалите наназад (подалеку од камерата), тоа ќе направи да изгледате послаби.
Во групните фотографии застанете на средина
Застанете на средина и свртете се под благ агол за да изгледате помали.