8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли
Големината на чевлите
Немојте да мислите дека ако купите помали чевли, ќе ги „разносите“ и ќе ви станат точни.
Ова може да биде точно за модели од чиста кожа, но и во тој случај чевлите не треба да ве стегаат кога ќе ги купите.
Исто така, чевлите не треба да ви бидат ни широки.
Како се изработени
Кога можете, избегнувајте чевли кои не се шиени, туку само залепени.
Лепилото е поевтина опција, но го намалува животниот век на чевлите.
Тежината на чевлите
Ако чевлите ви делуваат премногу лесно, тогаш се изработени од евтин материјали и нема да ви траат долго.
Од друга страна, избегнувајте и модели кои се многу тешки бидејќи ќе ви го отежнат одењето и може да ви предизвикаат и болка.
Формата на вашето стапало
Секогаш е важно да ја земете предвид и формата на вашето стапало.
Ако, на пример, имате пошироки стапала, најдобро избегнувајте чевли кои се премногу „шпицести“ бидејќи ќе ви предизвикаат болка.
Ако имате рамни стапала или проблеми со грбот, тогаш купете ортопедски чевли кои ќе ви ја дадат потребната потпора.
Спирова С. | Црнобело