8 работи на кои треба да обрнете внимание кога купувате чевли

Еластичноста на ѓонот кај ниските чевли, но и формата на вашето стапало - на што друго мора да обрнете внимание пред да купите чевли?

8-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chevli-01.jpg

Кога купувате чевли, секако дека е важен изгледот, но многу поважни се удобноста и квалитетот.

Лошо изработените чевли не само што нема да траат долго, туку можат да ви предизвикаат и проблеми како болки во стапалата, па и грбот.

8 работи на кои треба да обрнете внимание:

Должината и квалитетот на патентот

Најдобро е патентот да почнува од ѓонот бидејќи со тоа облекувањето е полесно и чевлите нема да се оштетат брзо.

Пред да ги купите чевлите, задолжително проверете дали патентот се закопчува и откопчува лесно, но и дали е добро зашиен.

8-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chevli-02.jpg

Еластичноста на ѓонот

Кога купувате ниски чевли, проверете дали ѓонот е еластичен.

Ѓоновите треба да се виткаат барем малку за да можат да се приспособат на формата на стапалото додека чекорите.

Ако ѓонот е тврд, одењето ќе биде отежнато, а може да се соочите и со болка во стапалата

8-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chevli-03_copy.jpg

Квалитетот на кожата

Кога купувате чевли за есен и зима, најдобар избор е кожата бидејќи е издржлива и не пропушта вода.

Доколку не сакате кожени чевли, осигурете се дека не се од многу евтин материјал кој ќе почне да се лупи по само неколку носења.

8-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chevli-04_copy.jpg

Бојата и квалитетот на велурот

Ако купувате чевли од велур, внимателно проверете ги.

Бојата на велурот треба да биде иста насекаде и не треба да има дупчиња или какви било оштетувања.

8-raboti-na-koi-treba-da-obrnete-vnimanie-koga-kupuvate-chevli-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...
Чанти, патики, џојстик – Како да препознаете евтини копии од оригинали? Како да препознаете оригинал патики од копии? На што треба да внимавате кога куп...
Најлесно се откриваат со магнет - Во што се разликуваат лажните монети од 2 евра од вистинските? Обрнете внимание на изгледот, тежината и големината на монетите... Како да препо...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg