Популарни дестинации и атракции кои наскоро може да исчезнат (поради нашата несовесност)

Килиманџаро

Иако планинскиот масив не оди никаде, мразот на Килиманџаро постепено исчезнува.

За помалку од еден век, растопени се 85% од мразот на Килиманџаро, а изминативе неколку години, топењето само се забрзува.

Големиот корален гребен

Големиот корален гребен во Австралија е дом на илјадници морски животни и растенија, а секој кој го видел во живо, вели дека изгледа надреално.

Но, поради нашата несовесност, ова е уште едно место за кое постои ризик да исчезне.

Поради климатските промени кои ја зголемуваат температурата на водата, многу суштества умираат.

Исто така, овде е и прекумерното ловење, но и загадувањето на водата кои дополнително го уништуваат гребенот.

Иако се прават напори да се спаси ова богатство, постои голем ризик да го изгубиме.

Стоунхенџ

Мистериозната опсерваторија која постои повеќе од 3.000 години е уште една градба за која има ризик да исчезне поради нас.

Бројните посетители ги оштетуваат камењата, а истовремено, во близина се планира изградба на тунел кој дополнително ја загрозува опсерваторијата.

Островите Галапагос

Островите Галапагос се дом на илјадници уникатни видови животни и растенија, а ова, заедно со песочните плажи, ги прави популарна дестинација.

Но, токму туризмот е една од причините зошто многу животни и растенија умираат.

Зголеменото количество отпад и нивното несовесно однесување постепено ги уништуваат островите.

Истовремено, влијание имаат и климатските промени кои се причина за екстремни временски појави, како поплави.

Малдиви

Иако и туризмот претставува проблем за Малдивите, климатските промени се посериозна закана.

Ако продолжи зголемувањето на нивото на морињата и океаните, се очекува околу 80% од Малдивите да бидат под вода до 2050 година.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
6 работи кои ве кочат во животот (и кои треба да ги промените) Екстремно сте самокритични и со своите отровни стрелички си ја разјадувате самод...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg