Цветови од месо, сланина и компир
Розите се најпопуларен, но според многумина и најздодевен избор на цвеќе за подарок. Затоа наместо дилемата од бели или црвени, некои...
...се сетиле и на сосема поинакви букети.
Букетот од шницли е дело на британскиот месар Antony Bowness кој смета дека ова е одличен букет за мажи.
Уште еден „машки“ букет е оној од сланина. Сланината свиткана во мали ролнички се пече во калапи, па готова се мести на пластични гранчиња од вештачко цвеќе.
Оваа идеја потекнува од руската кујна. Чипс-розите се прават од тенки парчиња компир прицврстени со чепкалки.
По пржењето добиваат златна боја и може да се искористат за украсување ордевер, но и за необичен букет.