Хотел за развод
Подобро среќен развод отколку несреќен брак. Оригиналната идеја на Џим Халфенс ќе помогне во Холандија да се постигне токму тоа - безгрижен развод.
Неговата идеја е да се прескокнат бескрајните расправии околу поделбата на имотот и старателството над децата.
Наместо нервите, парите и времето да се потрошат на долги преговарања преку скапи адвокати, сето тоа ќе се заштеди ако се избере концептот „Хотел за развод“.
За да бидат одобрени за процесот на забрзан развод сопружниците мора да бидат во пристојни односи, поточно не смее да одбиваат да разговараат.
Откако сопружниците ќе аплицираат за престој во „Хотелот за развод“ добиваат посебни соби и викенд со медијатор и неколку адвокати кои ќе им помогнат да ги завршат сите правни обврски за само еден викенд.
Сложената постапка се решава многу брзо, а идејата ја прифатија многу хотели низ Холандија, па може да се бира меѓу повеќе локации.
Идејата им звучи интересна и на ТВ продуцентите кои размислуваат дали „Хотелот за развод“ на екраните подобро би се пренел како реално шоу или документарна серија.
З.П. | Црнобело