10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат)

Собирачи на отпад

Иако нам ни изгледа како релативно безбедна работа, и собирачите на отпад се изложени на низа ризици.

Нивната задача не е само да го собираат отпадот, туку и да го носат во депонии, да го спремат за рециклирање и слично.

А, сето ова вклучува и работа со опасни машини.

Покрај тоа, овде е и ризикот да бидат изложени на опасни материи од отпадот.

Во просек, стапката на смртност изнесува околу 30 смртни случаи на 100.000 работници.

10-od-najopasnite-profesii-vo-svetot-i-kolku-rabotnici-zaginuvaat-07.jpg

Рудари

Денес условите за работа на рударите се колку-толку подобрени, но ова сепак е опасна професија.

Работењето под земја е придружено со низа ризици како рушење на рудниците, експлозии и ослободување токсични гасови.

Покрај тоа, рударите постојано се изложени на вдишување прашина и разни токсични материи, што дополнително им го загрозува здравјето, а со тоа и животот.

Стапката на смртност за рударите изнесува околу 25 смртни случаи на 100.000 работници.

10-od-najopasnite-profesii-vo-svetot-i-kolku-rabotnici-zaginuvaat-08.jpg

Земјоделци

Работата на земјоделците е напорна, а и тие честопати користат огромни машини каде ризикот од повреди е голем.

Истовремено, постои опасност од изложеност на опасни пестициди, а во зависност од локацијата, условите за работа на некои земјоделци се навистина тешки.

Во просек, забележани се 20 смртни случаи на 100.000 работници.

10-od-najopasnite-profesii-vo-svetot-i-kolku-rabotnici-zaginuvaat-09.jpg

Камионџии

Камионџиите секогаш се изложени на ризик од сообраќајка.

Но, постојат и други опасности – неретко тие имаат набиени распореди, што значи не спијат доволно, а ова го зголемува ризикот од несреќи.

Секогаш постои ризик и да имаат неисправно возило, што исто така може да доведе до несреќа.

Забележани се нешто помалку од 20 смртни случаи на 100.000 работници.

10-od-najopasnite-profesii-vo-svetot-i-kolku-rabotnici-zaginuvaat-10.jpg

Електричари и електрични инженери

Работењето со струја е опасно од очигледни причини.

А, можеби на најголем ризик се изложени инженерите и работниците кои работат на поставување, поправка и одржување далноводи.

Во ваквите ситуации, и најмалата грешка може да ги чини живот.

Стапка на смртност изнесува околу 20 смртни случаи на 100.000 работници.

10-od-najopasnite-profesii-vo-svetot-i-kolku-rabotnici-zaginuvaat-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Фотки кои ќе ве утешат: Луѓе кои имале полош ден на работа од вас Скинати фармерки, но и колеги кои како да забораваат дека во канцеларијата има и...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg