10 од најопасните професии во светот (и колку работници загинуваат)
Рибарите кои ловат на отворено море и дрвосечачите кои работат со огромни дрвја ги имаат можеби најопасните професии во светот.
Секоја професија си носи свои ризици, но факт е дека ние кои работиме во канцеларија, во локал, во продавница и слично, сме релативно безбедни на работа.
Од друга страна, постојат професии каде што работниците секој ден се изложени на ризик од повреди, па дури и смрт.
Бројот на смртни случаи од овие професии варира од година во година и може да зависи и од локацијата.
Сепак, постои некаков светски просек кој покажува приближна бројка.
Дел од најопасните професии во светот:
Дрвосечачи
Се смета дека дрвосечачите ја имаат најопасната работа во светот.
Неретко сечат огромни дрвја и користат тешка опрема за која постои мал простор за грешки.
Во Европа, годишната стапка на смртност кај оваа професија е 19,67 на 100.000 работници.
Во Америка, пак, каде виреат многу поголеми дрвја, има околу 97,6 смртни случаи на 100.000 работници.
Рибари
Во овој случај станува збор за рибари кои ловат со брод на отворено море или океан.
Рибарите доста често се соочуваат со бури и големи бранови кои некогаш и не се предвидливи.
Обично се излезени на море подолг период, што значи некогаш не можат ни да допрат до помош навреме.
На светско ниво, има и до 100 смртни случаи на 100.000 работници.
Пилоти и воздухопловни инженери
Иако комерцијалното летање со авион е мошне безбедно, во оваа професија се вклучени пилоти на воени летала, инженери, но и луѓе кои ги тестираат леталата.
Покрај потенцијалните опасности како неисправност на авионот, пилотите имаат долги работни смени и распоредот често им се менува, што има влијание врз нивната психичка состојба.
Се проценува дека на 100.000 пилоти, има околу 50 смртни случаи.
Мајстори за правење и поправки на покриви
Не треба да објаснуваме зошто е опасна оваа професија.
Работењето на покривот на висок објект секогаш доаѓа со ризик од паѓање.
Стапката на смртност за оваа професија е околу 50 смртни случаи на 100.000 работници.
Мајстори за инсталирање челични или железни греди
Челичните и железните греди се користат за изградба на објекти на кои им е потребна голема потпора, како високи згради и мостови.
А, ракувањето со овие греди е мошне опасно бидејќи се многу тешки и ризикот од повреди, па и смрт, е голем.
Стапката на смртност изнесува околу 40 смртни случаи на 100.000 работници.