Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода
Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, едноставно, си ја одлежале казната и денес се на слобода.
Некогаш правните системи потфрлаат и низ годините има бројни приказни за погрешно осудени луѓе, за виновници кои избегнале казна, но и за луѓе кои сториле тешки криминални дела, како убиства, и биле ослободени.
А, знаевте ли дека постојат и сериски убијци кои биле осудени, за подоцна да бидат ослободени?
Неколку сериски убијци кои денес се на слобода:
Арнфин Несет
Арнфин Несет од Норвешка бил болничар кој работел во дом за стари лица.
Откако бројот на смртни случаи во домот драстично се зголемил, надлежните почнале истрага и се открило дека Арнфин бил одговорен за смртта на 22 од нив.
Покрај убиствата, Арнфин бил осуден за фалсификување документи, проневера на пари и обид за убиство.
Се претпоставува дека неговиот број на жртви бил многу поголем – над 100.
Арнфин бил осуден во 1983-та и добил 21-годишна казна затвор.
Но, бил пуштен на слобода по само 12 години, а уште 10 години бил под строг надзор на надлежните.
Наводно, го ослободиле поради добро однесување во затворот.
Денес има 87 години и се верува дека живее под псевдоним.
Волфганг Ејбл и Марко Фурлан
Германецот Волфганг и Италијанецот Марко извршиле низа убиства во Холандија и Германија, во периодот 1977-1984 година. А, нивните убиства не биле ништо помалку од свирепи.
Исто така, покрај секоја жртва тие оставале леток со нацистички симболи и пароли.
Кога конечно биле фатени, двајцата тврделе дека се невини и дека полицијата ги користи за да си ја подобри репутацијата бидејќи не можела да ги најде вистинските злосторници.
Волфганг Ејбл
Се претпоставува дека убиле помеѓу 10 и 28 луѓе, а и двајцата добиле доживотна казна затвор.
Во 2009 година, Марко Фурлан бил ослободен поради добро однесување.
Истата година, Волфганг бил префрлен во домашен притвор, за во 2016-та да биде ослободен најверојатно исто поради добро однесување.
Марко Фурлан
Луис ван Шур
Луис ван Шур од Јужноафриканска Република бил полицаец кој се претпоставува дека убил над 30 луѓе помеѓу 1986 и 1989 година.
Тој период работел како обезбедување и се претпоставува дека застрелал најмалку 100 луѓе обидувајќи се да ги убие.
А, скоро сите негови жртви биле луѓе со темна кожа, иако тој негирал дека убиствата се од расистичка природа.
Според него, тој само си ја вршел работата и се обидувал да ги фати криминалците
Добил 20-годишна казна затвор, но бил ослободен по 12 години, во 2004-та.