Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода

Чарлин Галего

Чарлин убивала заедно со нејзиниот сопруг Џералд.

Помеѓу 1978 и 1980 година, Чарлин и сопругот Џералд убиле најмалку 11 луѓе.

Повеќето биле тинејџери, а пред да ги убијат, сексуално ги малтретирале жртвите.

Кога биле фатени, на почетокот и двајцата ги негирале злосторствата.

Но, адвокатите успеала да ја убедат Чарлин да сведочи против Џералд, а како награда ѝ ја намалиле казната на 16 години и осум месеци.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-08.jpg

Џералд добил смртна казна, но не бил егзекутиран.

Имено, тој бил затворен во Невада и додека неговата егзекуција да дојде на ред, смртната казна била укината.

Починал во затвор во 2002 година.

Чарлин била ослободена откако ја одлежала целата казна.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-09.jpg

Александр Рубел

Александр кој бил роден во Украина, а живеел во Естонија, бил осуден за шест убиства.

Наводно, за првото убиство бил под дејство на дрога, а првата жртва била негов сосед со инвалидитет.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-10.jpg

Бидејќи бил малолетен, добил само 8-годишна казна затвор – максималната казна што можел да ја добие малолетник во Естонија.

По одлежувањето на казната, бил ослободен и се претпоставува дека денес живее во Украина.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-11.jpg

Педро Лопез

Познат како еден од најзлобните сериски убијци, постои веројатност Педро Лопез да не е жив, но никој не знае со сигурност.

Педро силувал и убил над 100 жени и девојчиња во Колумбија, а самиот тврдел дека имал над 300 жртви.

Најпрво бил затворен во Еквадор од каде што наводно бил ослободен за добро однесување.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-12.jpg

По ова, бил депортиран во Колумбија, а бидејќи надлежните немале докази за да го затворат, го однеле во ментална установа.

Кога било утврдено дека нема проблеми со менталното здравје, тој бил ослободен со услов редовно да се пријавува во полициска станица.

Нормално, го прекршил условот, избегал и до денес не е познато каде е и дали е жив.

seriski-ubijci-koi-bile-pushteni-od-zatvor-i-denes-se-na-sloboda-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg