Нудистите загрижени
Австралиска нудистистичка организација објавила на својата интернет страница нов правилник на однесување. Загрижени за лошиот имиџ кој го добиле кај...
...јавноста, вовеле нов правилник според кој нудистите нема повеќе да имаат секс ниту оргии на плажа.
Организацијата објавила и попис на легални нудистички плажи, како не би се довеле до инциденти.
Претставени биле и новите спортови за нудисти како што се голо куглање и голи олимписки игри.
„Многу луѓе мислат дека нашиот животен стил има исклучиво сексуален предзнак. Тоа е сосема неточно. Како и на сите останати и за нас сексот е приватна работа. Иако сме голи не правиме ништо поразлично од останатиот облечен свет“ - вели Пол Браун, адвокатот на нудистичката организација.
Интернет страницата ќе содржи и многу слики од нудисти, со нагласок дека тоа не е порнографска страница туку е наменета за оние кои водат таков начин на живот.