- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Училиште од соништата
Новиот училишен систем во Шведска ги елиминира класичните училници со цел да ја поттикне детската креативност и љубопитност. Компанијата „Витра“...
...која е сопственик на 30 училишта, смета дека учењето треба да се одвива во просторија која ќе наликува на камп, а неодамна го отворија и првото училиште со овој концепт – Телефонплан во Стокхолм.
Проектирано е од архитектонската компанија „Росан Бош“, и наликува на модерен креативен простор кој досега сме го виделе во канцелариите на Google, Facebook и останатите гиганти.
Додека седат на „остров“ децата можат да користат и лаптопи (кога работат самостојно), додека кога имаат тимска работа го користат просторот наречен „село“ во кој има куќички за групно работење.
Децата не се класично поделени во одделенија, туку во различни групи според нивоата на познавања.