Се оженил за мртвата вереница (видео)
Тајланѓанецот Чадил Дефи (28) се оженил со својата покојна девојка Сариња Камсуки (29) која доживеала сообраќајна несреќна неколку дена пред венчавката...
...а заради тешките повреди починала ден пред венчавката.
Несреќниот вереник се одлучил на еден бизарен чекор затоа што биле заедно 10 години и неколку пати планирале свадба, но биле спречени од различни околности.
„Можеби вам ви изгледа како чин на голема љубов, но за нас е огромна грешка која не можеме да ја исправиме. Запомнете, животот е краток. Правете го она што го сакате и грижете се за луѓето кои ги сакате затоа што овој момент можеби е единствената шанса која ја имате“.
Церемонијата на венчавката била одржана во Сурин, град на северен Тајланд, а присуствувале пријателите и семејството, додека се пренесувала националната телевизија.